еМагазин
Image default
Свет

Интерпол предупредува на опасност од фалсификување вакцини против Ковид-19

Меѓународната полициска организација Интерпол денеска предупреди дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19 и да се обиде да вметне во продажба лажни, фалсификувани вакцини.

Интерпол соопшти дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таква можност и оперативно, на терен и на виртуелната мрежа.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа да се најдат понуди за лажни терапии кои можат да го загрозат здравјето и животот на луѓето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Над 1 милион во Истанбул, повеќе од 100 илјади лица во Лондон: Протести за катастрофата во Газа низ целиот свет

Редакција

Норвешка, Ирска и Шпанија на 28. мај ќе ја признаат Палестина

Редакција

Во нападите на Хамас загинаа најмалку 300 Израелци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница