еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инвестиција на ТАВ Македонија: Во март 2022 година ќе се реновира пистата на скопскиот аеродром

ТАВ Македонија информира дека, како дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонски аеродроми, следната година, почнувајќи од 28-ми март 2022 до 16-ти мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром.

„За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро.

Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот,“ информираат од компанијата.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни сме ѝ на Искра Гашевска за да продолжи со лекувањето, борбата со канцерот трае

Редакција

(Видео+фото) Во Приштина убиен македонски државјанин, косовските медиуми тврдат дека е Блерим Дачи

Редакција

„Кернел груп“ го доби тендерот за модернизација на информациски систем во Министерството за информатичко општество вреден 870.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница