еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестиција од 500 милиони евра: Германската компанија WPD ќе гради ветерна електрана

Германската компанија WPD најави изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, инвестиција во вредност од околу 500 милиони евра.

Ќе се гради ветерен парк „Вирови“ – најголем капацитет од обновливи извори на енергија во Македонија, колку што имаат двата блока на РЕК Битола.

Ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини, што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Струга склучи договор со „Илинден“ вреден над 1 милион евра

Редакција

Почна изградбата на „Штип Сити мол“: Инвестиција на фирмата „Дик Фагус“ од 10 милиони евра и над 250 вработени

Редакција

Тетекс повторно откупи сопствени акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница