еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Иранските власти го егзекутираа новинарот Рухолах Зам

Иранските власти извршија смртна казна над новинарот Рухолах Зам (47), кој со своите текстови ги инспирирал протестите во Иран во 2017 година.

Како што пренесуваат странските агенции, егзекуцијата се случила рано утрово, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности.

Иранскиот суд му ја изрече најтешката казна на новинарот во јуни годинава и ја образложи својата одлука со изрекување казна за „светска корупција“, што е формулација со која се категоризираат дела поврзани со шпионажа и обиди за уривање на иранската влада и држава.

Руколах Зам е син на шиитскиот свештеник Мохамед Али Зам, реформатор кој беше во владата во раните 80-ти години од минатиот век по соборувањето на иранскиот шах Реза Пахлави и кој јавно ја ускрати поддршката за неговиот син по обвинувањата на владата во Техеран.

МИА/Фото: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот да не биде погонско гориво за топланата „Скопје Север“, кога може да се користи гас

Редакција

ЗНМ и ССНМ со претставка до МВР за приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција

Кумановец силувал сограѓанка и со телефон го снимал настанот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница