еМагазин
Image default
Македонија

Сотирова Бухова ќе биде сменета од директорската позиција во ДСЗИ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе има нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и тоа ќе биде направено најмногу во текот на наредните 14 дена.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште не е сменета д-р Иринка Сотирова Бухова од функцијата директор на ДСЗИ, информира дека треба да има процес на селекција на кандидат за оваа позиција, кој треба да исполнува одредни услови, како академски, така и професионални критериуми за да може да може да биде именуван/а.

-Штом ќе заврши тој процес, тогаш ќе биде именуван нов директор. Не се работи за никакво одложување, туку само за селекција на кандидат кој ќе биде именуван, нагласи Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека вчера не требало никој да биде разрешен, бидејќи не се разгледувала таква точка на владината седница.

– Вчера се разговараше за кризна состојба во енегетиката, потсети Ковачевски. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васо Ристов нов директор на МОБ

Редакција

Се сослушуваат сведоци поврзани со пожарот во Кочани, вели Тошковски

Редакција

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница