еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески е македонскиот кандидат за Оскар

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.

Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, ја донесе комисја во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бимилк повторно ги изненади првачињата и им посака сладок почеток на учебната година

Редакција

Во Sport Life: 4 неделни етапи, 4 шанси за 100.000 денари

Редакција

(Видео) Најмалку 64 лица загинаа во поплави во Шпанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница