еМагазин
Свет

Исчезна претседателот на Интерпол

Француската полиција започна потрага по претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, откако неговата сопруга пријавила дека „нема никаков глас“ од него по неговото заминување за Кина минатата недела.

Извори од француската полиција соопштија дека сопругата на Менг го пријавила исчезнувањето во полициска станица во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол.

Таа, според истите извори, изјавила дека нема никакви информации каде се наоѓа Менг, откако тој заминал за Кина на 29 септември.

Претставник на француските правосудни власти, кој побарал анонимност, соопшти дека Менг отпатувал од Франција и пристигнал во Кина „кон крајот на септември“.

Менг, кој заедно со сопругата и децата живее во Лион, беше избран за претседател на Интерпол во ноември 2016 година, со мандат од четири години. Пред изборот на водечката позиција во Интрепол, Менг беше потпретседател на кинеската Комисија за контрола на наркотиците и директор на Националната служба за борба против тероризмот.

По неговиот избор за прв човек на Интерпол, повеќе меѓународни организации за заштита на човековите права реагираа дека Кина би можела да го искористи Менг за прогон на кинески дисиденти во странство.

На ваквите стравувања, Интерпол одговори дека Уставот на организацијата им забранува не нејзините скужбеници да се мешаат во политиката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција прогласи седумдневна национална жалост, бројката на загинати во земјотресот заедно со Сирија се зголеми на 2.600

Редакција

Студија: Инфекцијата со Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта до шест месеци

Редакција

(Видео) По повеќе од 15 месеци војна Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница