еМагазин
Image default
Македонија

Иселениците ќе можат побрзо да добиваат извод од матично

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги.

Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар до сега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење да поднесат барање за издавање извод во градот каде живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде е родено лицето, а со ова поврзување овозможено е Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал, информираат од Владата.

Централизираноста на податоците и оптимизирањето на бизнис процесите во Управата ќе отворат широк спектар на можности во делот на имплементирање на Европските регулативи и зголемување на ефикасноста во администрацијата, е заклучокот на седницата на Владата по оваа точка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна

Редакција

Сведочење на обвинет за „27 април“: Со ПП апарат прскав по пратеникот Коцев, зошто рече дека сум хулиган

Редакција

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница