еМагазин
Бизнис

Иселеник во Америка гради фабрика за производи за лична хигиена во ТИРЗ Струга

Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ – Струга.

Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра, а се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена.

Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, a планирано е вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион.

Инвестицијата е на иселеник од Македонија во Америка.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи смета дека инвестицијата е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот.

– Можеме да обезбедиме иднина со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца, подобра иднина за луѓето. Одлучив да инвестирам не само во Македонија, туку и во граѓаните во земјата на мојот татко и дедо, подвлече Речи.

Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат тука, очекува дека покрај во Европа ќе се извезуваат низ целиот свет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на Пари: 650 милиони евра лани завршиле во 9 маркети

Редакција

МВР склучи договор со “Би-ел инжинеринг“ вреден 1,2 милион евра

Редакција

ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница