еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Исмет Гури и Ејуп Алими, обвинети во предметот „Титаник 3″, се виновни заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Судијката Марија Клетничка денеска ги осуди на по три години и шест месеци затвор.

При објавување на пресудата Клетничка рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето.

Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени четири нови случаи на корона вирусот во Охрид

Редакција

На уапсените косовски полицајци им е одреден притвор и е започната истрага

Редакција

Детален преглед: Колку луѓе биле прислушувани лани по барање на Јавното обвинителство

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница