еМагазин
Image default
Македонија

Исполнети се сместувачките капацитети за ковид пациенти во струмичката болница

Седумдесет и пет ковид-пациенти се лекуваат во струмичката болница, а 16 од нив се на кислородна поддршка, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Иако полека се намалува бројот на новозаразени во Струмица, сепак бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирусот во болницата е голем.

– Имаме уште 30 пациенти кои се лекуваат во дневната болница, кои доѓааат тука да ја примат терапијата и потоа продолжуваат да се лекуваат дома. Вчера се испишани шест оздравени пациенти и засега имаме толку слободни кревети од вкупно 81, изјави директорот Гогов.

Двајца лекари и три медицински сестри се во изолација и во споредба со порано, овој број е многу помал кога имаше десетина заразени од медицинскиот персонал.

Инаку, на почетокот на овој месец почнаа работите за поставување на модуларна ковид-болница во Струмица. На површина од околу 600 метри квадратни треба бидат поставени 36 контејнери во кои ќе има триесетина кревети наменети за пациенти со лесна и потешка клиничка слика.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетени и уништени спомен плочите за убиените бранители кај Вејце

Редакција

Пендаровски: Ако Путин употреби нуклеарно оружје, ќе биде хорор во кој ќе се најдеме сите

Редакција

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница