еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води.

Со цел навремено обезбедување доказен материјал, Инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од Езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа.

Мострирањето, односно земањето примероци, било спроведено во текот на денот.

– На 22 март Инспекторот беше на терен со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар, соопшти ДИЖС.

Оттаму информираат дека Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата“, предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години или парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јосипа Лисац на 3. ноември ќе има концерт во Македонската филхаромонија

Редакција

„Стоп за присилната вакцинација“: Во Скопје се протестираше против мерките за невакцинираните граѓани

Редакција

(Видео) Ковачевски: Со посетата на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го говорот на омраза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница