еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрагата за случајот „Актор“ на СЈО во завршна фаза

Во врска со предметот „Актор“, преземени се повеќе истражни дејствија од страна на ова јавно обвинителство и истиот се наоѓа во завршна фаза на истражната постапка, стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Други детали нема.

Случај е „Актор“ се однесува за фаворизирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопат Демир Капија–Смоквица, иако, како што посочија од СЈО, на презентацијата на предметот, подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“.

Тогашниот премиер, Никола Груевски му наложил на тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески да ја елиминира италијанската компанија бидејќи, како што рекол, неа во Македонија ја застапуваат „комуњари“, и да ја даде изведбата на автопатот на грчки „Актор“.

Министерот за транспорт и врски наложил на членовите од комисијата кои вршеле евалуација да го изберат „Актор“ со што државата е оштетена со 7.811.593 евра.

Покрај тоа, во предметот „Актор“ има сомненија и за перење пари што се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати, што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците.

На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со предметот “Подарок“ на СЈО во кој се гони Зоран Ставрески

До каде е предметот „Рентген“ на СЈО, во кој се гони Никола Тодоров

Што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во кој се гони Бујар Османи

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот модел Тати Јанушева, во нова кампања за светскиот бренд Tod’s

Редакција

Најважен сојузник на Македонија е Србија, најголема закана Бугарија: Истражување на ИРИ

Редакција

Сите детали: Ќе се урива Универзална сала, летна сцена со парк на нејзиното место

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница