еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Истрагата за смртта на планинарите Калина и Александар тапка во место: „Трансверзалец“ и понатаму организира тури на планини

И по неколку месеци од загинувањето на планинарите Калина Велевска и Александар Минов на Кајмакчалан се уште нема одговор што всушност се случило и како тие загинале.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ на вчерашната собраниската седница за пратенички прашања, праша до каде е истрагата, но не доби конкретен одговор.

Таа побара она што и семејството и пријателите на Калина и Александар го бараат сите овие месеци од несреќата, мрднување на истрагата од мртва точка.

Туфегџиќ рече дека брзината со која се одвива истрагата ги револтира јавноста и семејствата.

„Има дискрепанца на рокови и месеци. Дополнително прашање е до каде е сега истрагата, тоа е општествена одговорност. Прашувам во име на семејствата, да има правда и да се дознае што довело до тоа, двајца млади да ги загубат животите“, прашува Туфегџиќ и додаде дека би ценела доколку истрагата наскоро биде обелоденета.

Инаку, планинарското друштво „Трансверзалец“ со кое Калина и Александар беа на Кајмакчалан денот кога ги загубија своите животи, и понатаму работи и организира тури по планини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После пет месеци, родителите на трагично загинатите планинари Александар и Калина го посетија Кајмакчалан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Преспа форум“: Милановиќ, Бегај и Милатовиќ за брза евроинтеграција на Западен Балкан

Редакција

Немаме намера да ги одвоиме Македонија и Албанија во преговорите, вели шефот на ЕУ-дипломатијата Борел

Редакција

Нови 511 случаи на Ковид-19, оздравени 264, две починати лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница