еМагазин
Image default
Бизнис

Истражување: Колкави се платите во ИТ секторот

Програмерите во просек примаат 65.365 денари плати, дизајнерите 44.461 и вработените во дигиталниот маркетинг 45.880 денари покажува истражувањето на македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk кој спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила.

Најголеми примања според работна позиција имаат Data Scientist со просек месечни примања од 85.422 денaри, а блиску по нив следуваат Девелоперите на мобилни апликации со просек 83.326 денари и DevOps специјалисти со 81.036.

Колку што има девелопери во домашни ИТ компании (39.10%), скоро толку има и девелопери кои работат во претставништво на странска компанија во Македонија – (38.78%).

Анкетата покажа голема полова разлика во оваа дејност – 80.96% машки наспроти само 19.04% претставници од женскиот пол.

Целото истражување може да го погледнете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојан Христовски назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“

Редакција

Зголемената инфлација во Македонија резултат на растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари, велат од Народна банка

Редакција

Дури 70 отсто од граѓаните кои користат кредит од банките го одложиле плаќањето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница