еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Луѓето заразени со варијантата омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние со делта

Две студии во Велика Британија покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот oмикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата делта.

Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои, сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи.

Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата делта.

Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени во Англија во првата половина на декември во кои може да се идентификува варијантата: 56.000 случаи на омикрон и 269.000 случаи на делта.

Посебна студија од Шкотска, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург и други експерти, заклучи дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај омикрон, отколку кај делта.

Но, студијата покажа дека скоро 24.000 случаи на омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Младите луѓе се многу помалку склони да развијат тешки симптоми.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник

Редакција

Орбан доби четврти премиерски мандат: Ова е голема победа, се гледа и од Месечината, а и од Брисел

Редакција

Од 1. јануари компаниите ќе плаќаат за 100% повисоки надоместоци за експлоатација на природните ресурси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница