еМагазин
Свет

Италија ќе воведе забрана за работа на продавниците во недела

До крајот на годината, новата италијанска Влада ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.

На овој начин, Владата се обидува да ја заштити традицијата на семеен собир во недела, изјави вицепремиерот Луиџи Ди Мајо.

Извршниот директор на трговскиот синџир „Конад“, Франческо Пуљезе реагира дека забраната ќе доведе до околу 50.000 откази.

– Истовремено, ќе се засили интернет продажбата, што негативно ќе се одрази и на големите и на малите трговци. Забраната за работа во недела во време кога светот оди во друга насока е смешно. Секогаш ме загрижува кога државата ќе почне да кажува кога треба да се купува, рече Пуљезе.

Се проценува дека најмалку 19,5 милиони Италијанци купуваат во недела и тој ден, според анализите, е втор најисплатлив во неделата.

Сегашното законско решение им овозможува на трговците самостојно да ги одредат работните часови во неделите, во зависност од побарувачката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат во историјата: САД забранија продажба и увоз на нови уреди од кинеските производители Huawei и ZTE

Редакција

Австрија: Голем број на заразени од Ковид-19 кај повратници од одмор од Шпанија и Хрватска

Редакција

(Видео) Зеленски со порака од улиците на Киев: Победивме тогаш, ќе победиме и сега

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница