еМагазин
Свет

Италија, Шпанија, Франција и Германија ќе ја произведуваат руската вакцина Спутник V

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави денеска дека Русија склучила договори со фармацевтски погони во Италија, Шпанија, Франција и Германија за производство на вакцината Спутник V против Ковид-19.

Тој ја потврдил информацијата за руската државна телевизија Русија24, но одбил да соопшти повеќе детали.

Дмитријев ја дал изјавата откако бил потпишан договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за производство на вакцината Спутник V во Италија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

Редакција

ОН: Лани изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009 година

Редакција

Цената на гасот во Европа продолжува да расте

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница