еМагазин
Image default
Македонија

Иванов го поздрави потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија, соопшти денеска неговиот кабинет.

– Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси, стои во соопштението.

Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, се додава, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Веста за протоколот меѓу Македонија и НАТО одекна во светските медиуми

Грчките медиуми почнаа да го користат името Северна Македонија: Реакции за потпишаниот Протокол за НАТО

Груевски на Фејсбук: „Прво влез во НАТО и ЕУ, а потоа корекција на штетата„

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе анализира како се доделуваат спортските ваучери, остануваат ризици од можни злоупотреби

Редакција

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти од Ковид-19

Редакција

Обвинетиот Зоранчо Митровски призна вина во случајот „Империја“ 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница