еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изјавата на Касами е дискриминаторска за македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово, укажуваат дека градоначалникот на Тетово треба да е свесен дека промоцијата на Тетово како центар на една заедница подразбира дискриминација на македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово.

„Тоа ние нема да го дозволиме. Тетово за нас е, и секогаш ќе биде срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница.

Градоначалникот Касами има мандат да ги следи трендовите на европските градови, а сите заедно сме тука да работиме и да придонесеме Тетово да прерасне во град во кој младите ќе сакаат да живеат а не град од кој си заминуваат.

Културата и духот на животот во Тетово подразбираат меѓусебна соработка, почитување и градење на подобри услови за живот на сите кои живеат во Тетово,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Движењето Беса на Касами има мнозинство во Советот на Општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија, велат од Општина Тетово

За Касами Тетово е главен град на Албанците во Македонија

Фото: Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лежеле на пругата: Товарен воз усмрти двајца мигранти во гевгелиско

Редакција

Рамадани, поранешниот припадник на ОВК, избегал од куќниот притвор во Скопје, објави СДК

Редакција

(Фото) Посета на Атлантик Гранд: И домашен мирис и домашен вкус во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница