еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

Истражувачката мрежа Призма, објави дека Олесандр Онишченко, украински политичар, кој фигурира на листата на санкции на САД, во Македонија добил државјанство како истакнат спортист, кој се натпреварува како македонски репрезентативец во коњички скокови.

Онишченко во октомври се натпреварувал под македонското знаме, а во Сен Тропе го освоил седмото место. Тој има и руско државјанство и со тоа аплицирал пред македонските институции.

Во портфолиото на новиот македонски државјанин стои дека од 2016 година кога бил пратеник избегал од Украина откако тамошната антикорупциска отворила истрага за него за перење пари.

Шпанија пак одлучува да го екстрадира во 2019 година, но тој ги претркал и тамошните власти и пребегал во Германија.

Под санкции на САД е од 2021 година по што поднесува и барање за македонско дрџавјанство.

Ваквиот украински и меѓународен имиџ на новиот македонски државјанин не бил пречка за македонската Влада без дискусија на седница одржана на 31 мај во 2022 година му даде македонски документи.

Целата сторија на Призма, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ

Редакција

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето“: Од рак почина единствената ќерка на пејачката и водителка Јулија

Редакција

По Конгресот нема да има промени во извршната власт, најави Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница