еМагазин
Image default
Локално

Избегната трагедија на Попова Шапка: По неколкучасовна потрага пронајдени заталкани скијачи

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С, вчеравечер ( 7 февруари ) околу 19 часот и 30 минути, во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони, информира МВР.

Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места и ноќеска ( 8 февруари ) околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58-годишен градежен работник загина во Охрид

Редакција

(Фото) Изгоре автобус на автопатот Штип-Миладиновци

Редакција

Скопјанка добивала закани со пиштол од поранешно момче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница