еМагазин
Image default
Локално

Избегната трагедија: Пожарникари извлекуваа возач од превртено возило

Четириесет и пет годишен жител на тетовско Рогачево беше извлекуван од страна на пожарникари од неговото возило, откако излетал и се превртел додека возел по регионалниот пат Тетово-Јажинце денеска после 12.00 часот.

Според првичните информации на тетовската полиција поради излетувањето тој се здобил и со телесни повреди, но останал контактибилен.

„Сообраќајната незгода се случила на патот Тетово-Јажинце околу пладне во атарот на село Беловиште. Поради засега неутврдени причини возилото марка „Пежо 307“ кое го управувал Б.Ј. (45) од Рогачево излетало од коловозната лента“, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Возачот бил сам во возилото, а по извлекувањето е однесен во тетовската клиничка болница со возило на итната медицинска помош. Увид на местото започнаа да вршат јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор на фирма во Тетово

Редакција

Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во Битола

Редакција

Ја претепала во комбе на релација Охрид-Мешеишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница