еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборите пак ќе го одложат пописот

Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија планиран да биде спроведен во периодот, изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика, Апостол Симовски.

– Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец, изјави Симовски.

Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден, бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.

– Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон, изјави Симовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев си оди, кој ќе биде новиот технички премиер?

Кои министерства ќе ги земе ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Чудо во градежништвото: Пуштен во употреба Пељешки мост во Хрватска

Редакција

„Жив си затоа што имаш неквалитетни органи“: Твитер за наводните трговци со органи и сериски убиец во Скопје

Редакција

Како е можно летало од 6. тони да помине повеќе од 1 час над членка на НАТО, а никој да не го забележи, прашува хрватскиот претседател

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница