еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Изборниот законик е само парче хартија: Пендаровски и Силјановска „си тераат“ предвремена кампања

Кандидатите за претседател од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова на големо тераат кампања преку јавно претставување, средби со граѓани и спонзорирани реклами на социјалните мрежи, иако Изборниот законик предвидува почеток на кампањата 20 дена пред одржувањето на изборите односно во овој случај на 1. април 2019 година, ако се земе предвид дека изборите се закажани на 21. април, годинава.

Според Изборниот законик „за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“.

Надлежна за регулирање на оваа промлематика е Државната изборна комисија (ДИК), која во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбите за одржувањето на кампањата е должна да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор во рок не подолг од 7 дена од денот на поднесувањето на приговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е сопругот на Гордана Слијановска Давкова

(Видео) Сопругата на Стево Пендаровски открива каков е приватно: Необично духовит и прекрасен татко

Пендаровски не забележал дали сѐ уште го следат

(Видео) Силјановска жестока и остра во интервју за „360 степени“: Една фамилија сега е заменета со друга

Фото: Фејсбук/Пендаровски/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во Советот на Град Скопје

Редакција

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Редакција

Подгответе се за промена на времето: До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница