еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избрани раководните тела на Алијанса за Албанците, одлуката за преговори со Влада, допрва ќе се разгледува

Алијанса за Албанците (АА) ги избра членовите на раководните тела на  на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари.

За претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар Кренар Лога, а за организациски секретар Исен Шабани.

Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела.

За потпретседатели се избрани Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците и на подограноците.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно починато лице од Ковид-19, вкупно до сега 9.252

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.031 болни од Ковид-19

Редакција

Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница