еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Изгоре регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, тројца пожарникари повредени

Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица.

Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола.

„Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот“, рече Гудев.

Информираше дека двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

На официјалната страница на ТВ „ВИС“ информираат дека телевизијата нема да ги остави гледачите без содржини и дека екипите ќе работат и понатаму на терен.

Ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната веб страница, фејсбук страницата, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот „јутјуб“ канал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Редакција

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите „Исток“ и „Запад“

Редакција

Обвинение за „Лидери“, предмет кој произлезе од разговор на Груевски и Ахмети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница