еМагазин
Локално

Измама во Скопје: „Висок функционер во МВР“ му зел пари за предвремена пензија

Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија, информира МВР.

Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дедо од Македонија отишол на средба со жена во Белград, наместо неа дошле мажи кои го претепале и ограбиле

Редакција

Работник од Албанија починал во Челопек при копање канал, врз него се урнала земја

Редакција

Приведена 23-годишна скопјанка која агресивно се однесувала кон полицајци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница