еМагазин
Image default
Локално

Измамена кумановка, платила 810 евра за наводен паричен надоместок од државата

Кумановка пријавила во полицијата дека била измамена, платила 810 евра на скопјанец, кој ѝ се понудил да ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од државата, соопшти денеска, СВР Куманово.

48-годишната жена вчера го пријавила случајот во кумановската полиција.

– Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно.

Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со нож ја нападнал сопругата на плоштад во Куманово

Редакција

Две гранати од Првата светска војна пронајдени при ископ во Битола

Редакција

Притвор за возачот на камион кој предизвика сообраќајна несреќа кај Ростуше, во која две лица го загубија животот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница