еМагазин
Image default
Македонија

Изменет Деловникот за работа на Владата за да Артан Груби стане прв вицепремиер

На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата.

Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција која за прв пат ќе ја извршува кадарот на ДУИ, Артан Груби.

-Предвидено е, Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи, се наведува во соопштението од Владата.

Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.

Како што се наведува, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата.

Првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и  замениците на претседателот на Владата го известуваат претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Несудениот новинар: Кој е Артан Груби, „првиот вицепремиер“ и министер за политички систем

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лада нива“ во сопственост на Народниот правобранител украдена од работилница каде што била на поправка

Редакција

Нови 365 случаи на Ковид-19 од 2.820 тестирања

Редакција

(Фото) Маја Иванова „се дружеше“ со Меланија Трамп и Ангела Меркел

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница