еМагазин
Image default
Локално

Изменет режим на сообраќај во Скопје поради снимање филм

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во деновите (16.10), петок , 17.10 (сабота) и 18/19.10 (недела – понеделник) поради снимање на филм, ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје.

На 16.10.2020 (петок) во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на ул. “Даме Груев“, а во време од 14.00 до 18.00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“,кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади и во времето од 14.00 до 17.00 часот на бул. “ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија.

Исто така, на 17.10. (сабота) во времето од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на бул.„ВМРО“ на истата локација и во времето од 20.00 до 23.00 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред ул. „Аминта Трети“) во Скопје.  И на 18/19.10. (недела/понеделник) во времето од 17.00 до 01.00 часот на ул.„Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.

„Од  тие причини Одделението за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.  МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во домот на скопјанец откриена „мини-плантажа“ со марихуана

Редакција

Мигрант од Авганистан пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија, имал убодна рана

Редакција

Скопјанец им се заканувал на вработени во маркет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница