еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Измени на правилата за котација на берзата: „Сомнителните“ компании на листа на набљудување

На 04.11.2020 година, ќе започне со примена новата одлуката за измени на правилата за котација донесена од страна на Одборот на директори на берзата на 16.10.2020 година, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност, соопшти Македонската берза.

„Со овие измени се прави допрецизирање на основите и начините за внесување на котираните издавачи на листата на набљудување, односно се предвидува можност берзата да внесе на листата на набљудување и издавач којшто не ги прекршил правилата за котација, доколку се процени дека поради постоење на други поспецифични ситуации и настани поврзани со хартиите од вредност или со издавачот, е потребно да и се обрне внимание на инвеститорската јавност за постоењето на вакви околности.

Воедно, со измените се прецизира правото на жалба при внесување на издавач кога се изрекува мерка за внесување на листата на набљудување, како и динамиката на постапување на берзата во врска со оваа проблематика“, информираат од берзата.

Пречистениот текст на правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања направени со оваа одлука може да ги најдете ОВДЕ.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи со делта сојот на Ковид-19 регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово

Редакција

ЈП Водовод и канализација – Скопје склучи договор со “Жикол“ вреден 540,4 илјади евра

Редакција

Со лажен сертификат за англиски, кичевец сакал да стане директор на студентски дом во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница