еМагазин
Image default
Бизнис

Изненадување: Автопатот Миладиновци-Штип пуштен во употреба

Министерството за транспорт и врски информираше дека од денеска 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци.

„Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. Упатуваме благодарност и до сите градежни компании кои директно или индиректно беа вклучени во изградбата на овој значаен капитален објект“, се вели во соопштението.

Пуштањето на автопатот неколку пати беше најавено па одложено, па денешната информација, ја примивме со зачуденост.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час.

По должината на автопатот има седум клучки.

Во изградбата на патот покрај „Синохидро“ беа ангажирани и домашните градежни компании „Бетон“ и „Гранит“, односно над 800 работници од земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По кој пат излажаа за новиот автопат Миладиновци -Штип и зошто имаат потреба од тоа

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид најпосакувана компанија за вработување

Редакција

Тендер тежок 48.000 евра: Судскиот совет ќе се поднови со два нови автомобили

Редакција

„Макпетрол“ откупи сопствени акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница