еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Израел ги повлече дипломатите од Турција по говорот на Ердоган

Израел ги повлече своите дипломати од Турција за да ги „преиспита врските“ меѓу двете земји, по критиките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за војната во Газа, соопшти израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“

– Со оглед на острите изјави кои доаѓаат од Турција, наредив отповикување на дипломатските претставници за да се преиспитаат односите меѓу Израел и Турција, напиша Ели Коен на социјалната мрежа Х.

Турскиот претседател Ердоган го обвини Западот дека е „главниот виновник за масакрот во Газа“, а Израел го обвини за воени злосторства.

– Израел, пред целиот свет те прогласуваме за воен злосторник … Израел, вие сте окупаторите, освојувачите. Секако дека секоја земја има право да се брани, но каде е правдата? Тоа што се случува во Газа не е самоодбрана, туку колење, рече турскиот претседател.

Со малку попомирувачки тон, тој ги повика Израелците да не го „омаловажуваат чувството на сочувство меѓу Турците“.

– Послушајте ги нашите повици за дијалог, преземете чекор во вистинската насока за доброто на вас и вашите деца. Веруваме дека нема да има губитници во праведен мир, рече Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

(Вознемирувачко видео) Новинар во Газа ги изгуби жената и две деца при нападите на Израел

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Двајца убиени, десетици тешко повредени во популарен геј-клуб во Осло

Редакција

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница