еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Израел: Тие што нема да примат трета доза за 6 месеци по втората, ќе се сметаат за невакцинирани

Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирусот за сите граѓани кои примиле две дози, во обид да го спречат ширењето на делта варијантата.

Од синоќа – секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза. Во претходните недели само одредени возрасни категории граѓани можеа да ја примат третата доза од вакцината.

Израелците кои не ја примаат третата доза, нема да се сметаат за вакцинирани ако поминале повеќе од шест месеци откако ја примиле втората доза.

Здравствените власти повикуваат на ограничување на собирите за да се избегне зголемување на бројот на луѓе заразени со коронавирусот.

Израелските власти наведуваат дека болниците се преоптоварени и дека бројот на пациенти во нив е „многу вознемирувачки“. Во болниците има 1.175 пациенти, од кои 726 се во тешка состојба, а 149 се на респиратор.

Бројот на пациенти во сериозна состојба е најголем од март, а на оние на респиратор од почетокот на април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Филипче: Засега само „Фајзер“ имаат дадено препорака за трета доза на вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти

Истражување во Израел: Третата доза штити 97% од тешко заболување од Ковид-19, 16 дена по аплицирањето

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2.134 лице во Македонија по вторпат заболело од Ковид-19, четири по третпат, 10 починале

Редакција

Децата со пречки во развојот или со посебни потреби се ослободени од носење маски во училиште

Редакција

До 30 ноември забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во маркетите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница