еМагазин
Image default
Свет

Контроверзен проект: Израел воведува ковид-беџови за (не)вакцинирани

„Светскиот шампион“ во вакцинација, Израел, почнува контроверзен проект на ковид-беџ, кој со својата боја ќе покаже дали некое лице е вакцинирано или не, со што ќе се овозможи да влегува во ресторани или на концерти.

Владата објави систем на беџови – виолетова за оние кои не се вакцинирани или примиле само една доза и зелена за оние кои примиле втора вакцина или прележале Ковид-19.

Во последните денови официјално се најавува распоредот за излегување на Израел од третиот карантин од почетокот на пандемијата, благодарение на интензивната кампања за вакцинација што ја претвори земјата во мала „светска лабораторија“, јавија локалните медиуми.

Досега се вакцинирани четири милиони Израелци или 45 проценти од населението, од кои 2,6 милиони примиле втора доза, според најновите податоци на Министерството за здравство, што е највисока стапка на вакцинација во светот.

Со ефикасна вакцина и висок процент на вакцинирана популација, властите планираат од недела постепено да отвораат спортски сали, трговски центри, ресторани и кафулиња.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинезите открија два вида на коронавируси, објавија колку точнo трае инкубацијата

Редакција

Истрагата потврдила дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија

Редакција

Државите ги затвораат границите: Јапонија и Мароко поради „омикрон“ забрануваат влез на странци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница