Полицијата денеска во периодот од 06:00 до 10:00 часот на територијата на државава спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
Како што информираат од МВР, при контролата се констатирани 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.
– Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во соопштението од МВР.