еМагазин
Image default
Свет

Извештаите за хемиско оружје во Украина сè уште не се потврдени, но не е невозможно, вели британски генерал

Ситуацијата во Украина сè повеќе изгледа како геноцид, изјави британскиот генерал Ричард Данат во денешното интервју за „Скај њуз“.

Тој додаде дека извештаите за употреба на хемиско оружје во Украина засега не се потврдени, но оти не е невозможно.

– Извештаите за хемиско оружје во Украина сè уште не се потврдени. Такво нешто би било надвор од сите нормални норми, но не е невозможно, истакна генерал Данат, кој беше началник на Генералштабот на британските вооружени сили од 2006 до 2009 година.

Тој истакна дека треба да се врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.

– Речиси сè што Русите направија досега е надвор од вообичаеното воени конвенции, посочи генерал Данат.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До средината на 2022 година може да се очекува крај на пандемијата, вели шефот на Бионтек

Редакција

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција

Вредноста на американскиот долар драматично расте, на еврото паѓа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница