еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во јануари со раст од седум отсто

Вредноста на извозот на стоки од земјава во јануари годинава во однос на јануари лани забележа раст од седум отсто и изнесува 507.332 илјади американски долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 635.599 илјади САД долари, што е за 2,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 128.267 илјади американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2020 година, изнесува 79,8 отсто.

Најмногу сме извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Кина, Србија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центар за граѓански комуникации: Ковид-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Редакција

Тиквеш и Камник наградени на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 70.942 денари убедливо на врвот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница