еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во првите седум месеци зголемен за 19,4, а увозот за 26,9%

Во првите седум месеци од годинава од државава се извезени стоки во вкупа вредност од 4.767.002.000 евра, што претставува пораст од 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.912.713.000 евра, што е за 26,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули годинава изнесува 2.145.711.000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот, пак, се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јули годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката бруто-плата во мај

Редакција

Нов Xiaomi Store во Скопје: Денеска со специјални промоции за најбрзите фанови

Редакција

Буџетот за 2024 изгласан во Собранието

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница