еМагазин
Бизнис

Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471.373.069 илјади денари и бележи пораст од 20.8% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 684.609.418 илјади денари, што е за 27.8 ж% повеќе во споредба со истиот период од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213.236.349 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 68.9%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски плати

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МВР за набавка на екстра лесно гориво вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Настани ќе се одржуваат и на затворено, но не и приватни веселби

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница