еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе биде ли и оставката на Заев на дневен ред: Денеска заседава Извршниот и Централниот одбор на СДСМ

Најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на владејачкиот СДСМ.

Од партијата потврдуваат дека за вечер во 18 часот е закажана седница на Извршниот, а во 20 часот на Централниот одбор.

Од СДСМ во изминатите денови информираа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.

– СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ, истакнуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев конечно се огласи: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито Лукс со зголемена добивка

Редакција

“Трагично е што уште дискутираме за женска рамноправност“: Твитер за 8. Март

Редакција

Владата ќе го развива руралниот туризам преку проект „50 села, 50 приказни”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница