еМагазин
Image default
Бизнис

Кај една третина тендери дискриминаторски услови за учество на компаниите

Речиси една третина од тендерските документации на анализираните институции содржат дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата, покажува истражувањето „Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки 2018“ на Центарот за граѓански комуникации.

„Исто како и претходната година, и во 2017 година, во дури 29% од тендерските документации се поставени високи критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба, како и на техничката или професионалната способност на понудувачите.

Кај институциите со помал број на набавки се анализираа сите тендерски документации, додека кај оние со повеќе тендери, предмет на анализа беа тендерските документации од десетте најголеми набавки.

Тендерски документации со ограничувачки елементи има кај министерствата за: образование и наука, внатрешни работи, транспорт и врски, животна средина и просторно планирање, како и кај Собранието на РМ и Секретаријатот за законодавство“, се вели во истражувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само една понуда на третина од тендерите за јавни набавки

Истражување: МОН и МВР најнетранспаретни при јавните набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција

Министерството за култура вработува пет лица, плата до 32.887 денари

Редакција

„Тепачка“ кој да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница