еМагазин
Свет

Кај најсиромашните земји вакцината против Kовид-19 ќе стаса дури во 2024 година

Програмата Ковакс на Светската здравствена организација (СЗО) е главната глобална шема за вакцинирање на луѓето во земјите со ниски и средни примања ширум светот против коронавирусот и има за цел до крајот на 2021 година да достави најмалку две милијарди дози вакцини, покривајќи 20 проценти од најранливите земји, главно во Африка, Азија и Латинска Америка.

Британските медиуми наведуваат дека поборниците на планот тврдат дека програмата се соочува со недостаток на средства, ризик за снабдување и сложени договори, што може да го оневозможат остварувањето на нејзините цели.

Во интерниот извештај на управниот одбор на компанијата Гави, која заедно со СЗО ја води програмата Ковакс, се наведува дека ваквиот неуспех може луѓето во сиромашните земји да ги остави без пристап до вакцини против Kовид-19 до 2024 година.

Во извештајот уште се наведува дека „ризикот од неуспех е голем, бидејќи шемата е поставена многу брзо и на неистражена територија“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Американец уби 6-годишно дете со палестинско потекло поради војната во Израел

Редакција

Црвени прсти на нозете – нов симптом на коронавирусот

Редакција

Украински гранични служби информираа дека руски копнени сили влегле во Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница