еМагазин
Image default
Локално

Кај скопјанец и битолчанец откриени 55.000 петарди, ракети и динамит

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55.000 парчиња пиротехнички средства, информира МВР.

Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3.000 распскувачки материи, динамит и друго.

По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.

Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Редакција

Поднесено обвинение за лихварство и изнуда, позајмил 20.000 евра барал да му вратат 120.000 евра

Редакција

Со пиштол ограбиле казино во Капиштец, настрадале и двајца гости

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница