еМагазин
Image default
Да помогнеме

Како да помогнете: Црвениот крст собра 83.749 евра за настраданите од земјотресот во Албанија

Црвениот крст соопшти дека до денеска се собрани 5.154.730 денари или 83.749 евра, преку жиро сметката на фондот за солидарност и телефонските броеви за донации, за помош на настраданите од земјотресот што ја погоди Албанија.

Како што се наведува во соопштението, донациите се собрани со подршка на граѓаните, компаниите Имморекс Македонија ДОО, Гемак Трејд, Паркланд, Комерцијална Банка АД Скопје, Здружение на Пензионери Лабу47, Црвен крст на град Скопје, Општински организации на Црвен крст, како и дел од музичката естрада.

На располагање се телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари.

Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иселеници од делчевското село Град, организираа акција за собирање средства за семејството Миленковски

Редакција

И Вие можете да им помогнете на настраданите од поплавите во Словенија, еве како

Редакција

(Фото) Да им ја изградиме трошната куќа на Драги и баба Аница, пред претстојната зима

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница