еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како да се справите со болките во вратот и рамениот појас?

Модерниот начин на живеење, честото користење на смарт уреди, намалената физичка активност како и долгото изложување на стрес и на несоодветни позиции на телото може да придонесе до појава на болки во вратната мускулатура и рамениот појас.

Силната болка и вкочанетоста во мускулатурата се најчестите симптоми кои се појавуваат.

Ненавременото реагирање на првите симптоми по извесен период доведува до неизбежна ситуација во која мора да престанеме со своите работни активности за неколку дена за да можеме да побараме соодветен третман за намалување на болката и подобрување на состојбата.

Од миалгија на вратната мускулатура најчесто страдаат физички работници или работници кои поминуваат подолг временски период пред компјутер во несоодветна позиција.

Како превенција од оваа состојба потребно е истите повремено секојдневно да ги прекинуваат своите активности за 10-15 минути и да направат неколку вежби со цел да се подобри периферната циркулација во мускулите и да се раздвижат големите мускулни групи.

Кога веќе ќе се појави оваа состојба потребно е веднаш да се примени физиотерапија, дури и во периодот на мирување, бидејќи физиотерапијата има широк спектар на техники и методи за третман на болка и можат значително да ја подобрат состојбата.

Третманите за болка можат да траат и по неколку дена имајќи ја предвид специфичност на состојбата.

Во третманот на ваков тип на болка може да се употреби: криотерапија-криомасажа, мануелна масажа, кинезиотејпинг, исхемична компресија на тригер точки, електротерапија, а подоцна и вежби за зајакнување на мускулатурата која со сигурност ќе ослабне во периодот на силни болки и имобилност.

Доколку имате чести болки во вратот и чувствувате напнатост во оваа мускулатура консултирајте се со физиотерапевтите од Клиниката „Жан Митрев“ и закажете си третман на следниот телефонски број 02/3091484 или на 070 257-962.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Израелската полиција тепаше Палестинци во џамија

Редакција

Инвестиција од 270 милиони евра: Француски „Акуо Енерџи“ ќе гради соларен парк за 94.000 домаќинства кај Штип

Редакција

Папата прв пат отворено се заложи за геј бракови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница