еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како и на кој начин ќе стартува вакцинирањето: Прв ќе биде медицинскиот персонал од Инфективна клиника

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во среда во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе започне вакцинирање на здравствените работиници кои работат во ковид центрите во цела држава.

„Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути. Во текот на денешниот ден Националниот систем, до ковид центрите низ државата, испраќа списоци каде се наведени имиња на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат, со точен час и ден кога треба да дојдат да ја примаат вакцината во модуларната болница на КИБФС во Скопје.

Ковид центрите треба повратно да ги потврдат листите.

Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација,“ се вели во соопштението.

Вчера во нашата земја од Република Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот Фајзер. Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се споведува само во модуларната болница во Скопје.

Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се бараат ПЦР тестови и за лицата кои транзитираат низ Македонија

Редакција

(Видео+Фото) Обилни врнежи во Тетово поплавија куќи, улици и предизвикаа излевање на канализацијата

Редакција

Српската „Кедра“ го доби мултимилионскиот тендер на ЕЛЕМ за набавка на резервни делови за РЕК Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница