еМагазин
Image default
Свет

Како на филм: Француски ловец „Мираж 2000“ бркал словачки државјанин, кој украл авион во Италија

Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро.

Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено беше затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран.

Станува збор за инцидент кој ги стави во „погон“ новите француски воздухопловни сили од воената база Оранж. Пилотите на воените авиони го принудиле патничкиот авион итно да слета на пистата на аеродромот Екс-Лес Милс.

Пилотот го летал украдениот авион на мала височина и без план за летање и радио врска. Човекот не пружил отпор и ги послушал наредбите на француските војници.

Пред да влезе во францускиот воздушен простор, авионот помина низ неколку зони на забранети летови – поморската база во Тулон, која е домашно пристаниште на француските подморници за нуклеарни напади и аеродромот во Ница – Азурниот брег. Затоа властите го затворија воздушниот простор над Ница на околу 30 минути.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Тепачка“ за шеќер во Русија

Редакција

СЗО: Бројот на новозаразени со Ковид-19 за една недела се зголеми за речиси два милиона

Редакција

На Кина и се заканува меѓународна изолација, ако не соработува во истрагата за потеклото на Kовид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница