еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работеле лани Макпетрол и подружниците Телма, Петролмак…

Во текот на минатата година „Макпетрол“ АД Скопје и подружниците оствариле вкупен приход во износ од 16,93 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 6,13 милијарди денари, односно остварен е пад од 26,57%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреја Јосифовски купи акции во Макпетрол

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ за 2,5 пати

“Во структурата на приходите, најголем удел со 98,8% имаат приходите од продажба, од коишто 96,9% од приходите се остварени со продажба на домашниот пазар, а само 1,9% од приходите се остварени со продажба на странски пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 16,54 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 5,54 милијарди денари или за 25,09%.

На крајот на овој период, Групата оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 383,69 милиони денари, која е помала за 60,37%, односно, помала за приближно 2,5 пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 968,18 милион денари“, велат од компанијата.

Финансиските резултати остварени на ниво на Друштва кои ја сочинуваат Групата за консолидација на Макпетрол се прикажани во следната табела :

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепската фабрика „Гентерм“ затворена откако вработен бил во контакт со лице позитивно на корона вирусот

Редакција

Од денеска контроли врз супермаркетите и други трговски објекти, најави Мицкоски

Редакција

Регистрацијата на возилата поскапува за 15%, зголемена е цената на осигурувањето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница